Сурои до Брнабиќ: Јас ќе ви кажам што е хуманитарна катастрофа

Од:

Косовската публицистка, една од сопствениците на медиумската групација „Коха“, Фљака Сурои изјави денеска дека српската премиерка Ана Брнабиќ веројатно „се шегува“ кога вели дека српското население во Косово е „на работ на хуманитарна катастрофа“ поради таксата на увозот на српски производи.

Сурои на својата страница на Фејсбук ја „потсетува“ Брнабиќ на однесувањето на српските власти во во Косово од 1989 до 1999 година, кога, како што наведе, се случи „не само хуманитарна катастрофа, туку и убиства, масакри, грабежи и погром на косовските Албанци од нивните огништа“.

– Се шегуваш! Хуманитарна катастрофа? Ти не знаеш што е хуманитарна катастрофа, и бидејќи не знаеш, еве да ти кажам: Хуманитарна катастрофа е кога бркаш од работа 150.000 луѓе и оставаш без приходи 900.000 луѓе; Кога училиштата се затворени, децата одат по куќи/училишта, а учителите не се плаќаат по девет месеци; Кога ги затвораш болниците и им го негираш третманот на Албанците врз национална основа; Кога напаѓаш стотици села, а населението останува изолирано во планините, без никакви основни животни средства; Кога протеруваш милион луѓе и ги остваш во калта на Блаце, низ планините на Јажинце и Кукес; Кога уриваш 100.000 куќи и ограбуваш се што ќе стасаш, оставајќи ги луѓето без ништо никаде, напиша Сурои.

Според косовската публицистка, „патетиката е во крвта“ на српските политичари, но тоа веќе „не поминува“.

– Не пие вода повеќе, бидејќи сте лажговци. А тоа и самите го признавате, па дури и се гордеете со тој факт, и порача Сурои на српската премиерка Брнабиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

Брнабиќ: Еве ги нашите 100 потписи, еве демократска можност за нашата опозиција

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија