Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја казни Албанија со над два милиони евра, поради непочитување на правото на сопственост.
Како што пренесува весникот „Панорама“, одлуката на Судот се однесува на процесот „Делвина против Албанија“ во кој станува збор за имот на семејството Делвина од 1600 квадратни метри на кој се наоѓа италијаската Амбасада во Тирана. Албанските судски органи донеле на сопствениците да им се исплати компензација, но тоа досега не е сторено.
Владата наместо пари на сопствениците им нудела компензација со друго земјиште, но тие не се согласиле и ја тужеа државата пред Судот во Старзбур, кој во 2011 година донесе одлука дека Албанија го пекршила правото на сопственост и предложи страните да се договорат за компензација.
Но, албанската Влада се оглушила на ваквата судска одлука, па спствениците повторно ја тужеле Албанија пред Судит во Стразбур.
Врз оснва на последната одлука од Судот, албанската Влада на подносителите на тужбата треба да им исплати 2.022.400 евра како надомест за одземено земјиште, како и 3.500 евра на име судски трошоци.