Судот во Солун одобри екстрадиција на македонски државјанин кој убил пензионер во Германија

Од:

Судот во Солун вчера одобри екстрадиција на 34-годишен државјанин на Македонија во Германија, каде што се бара за учество во грабеж и убиство на 81-годишен маж, објави „Катимерини“.

Нашинецот е уапсен во мај на граничната премин „Евзони“, при рутинска проверка која покажала дека против него е издадена европска потерница.

Кривичните дела, според документите на германското обвинителство, се извршени во февруари во мал град во сојузната покраина Хесен. Осомничениот наводно патувал во Германија на службена должност со сограѓани и престојувал во соби изнајмени од жртвата. Сторителите, според германските органи за спроведување на законот, го врзале и му ја затвориле устата на 81-годшниот маж, земајќи пари од неговиот дом. Неговата смрт била предизвикана од задушување.

Пред судиите на Апелациониот совет, 34-годишникот побарал да не биде екстрадиран во Германија, тврдејќи дека на неговото семејство, кое живее во Велес, ќе му биде полесно да го посетува во грчки затвор. Судот го отфрлил неговото барање.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар уништи дискотека во Германија, 750 посетители успеаја да избегаат

Германија ја повлекува поддршката за Израел во случајот за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

Кина ги престигна САД