Судот во Хаг го отфрли барањето за ревизија на пресудата против Србија

Од:

Меѓународниот суд за правда во Хаг го отфрли барањето за ревизија на пресудата што на 26 февруари, во име на дел од Бошњаците, предводени од бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ, го поднесе Сакиб Софтиќ.

– Судот во Хаг го одби барањето за ревизија на пресудата по тужбата против Србија, потврди хрватскиот член на Претседателстовто на БиХ Драган Човиќ.

Босанските медиуми јавија дека барањето е одбиено со образложение дека не е поднесено од страна на надлежните институции на БиХ.

Претставникот на Меѓународниот суд за правда Филип Куврер наведе дека судот прописно го разгледал мислењето на членовите на Претседателството на БиХ, што го изнеле во нивните писма.

– Судот смета дека содржината на овие писма покажува дека надлежните тела не донеле никаква одлука, во името на БиХ како држава, во поглед на барањето за ревизија на пресудата од 26 февруари 2007 година во случајот за примена на Конвенцијата за спречување и казнување на злосторства на геноцид на БиХ против Србија, со што не може ништо да се преземе во врска со документот наречен „Апликација за ревизија на пресудата од 26 февруари 2017 година во случај примена на Конвенцијата за спречување и казнување на злосторства на геноцид“, напиша Куврер.

Одлуката за поднесување на барање за ревизија едногласно ја донесе делот на бошњачкиот народ во БиХ, предводен од Изетбеговиќ, и покрај предупредувањата од претставниците на Србите дека таквото барање е нелегитимно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции