Судот му ја прати пресудата на Додик, има рок од 15 дена да се жали

Од:

Судот на Босна и Херцеговина потврди дека на лидерот на босанските Срби, Милорад Додик му била испратена писмена копија од пресудата со која е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност, па тој и неговата одбрана сега имаат 15 дена да поднесат жалба.

Како што се наведува во соопштението на судот, на адресата на Додик во понеделникот била испратена копија од пресудата, изречена на 26 февруари. Доколку Додик не поднесе жалба во законскиот рок, пресудата автоматски ќе стане правосилна, а потоа ќе има избор да оди во затвор или да побара од судот да му одобри откуп на казната за околу 18.000 евра.

Во БиХ, законски е можно да се откупи казна до една година затвор по цена од 100 конвертибилни марки (50 евра) дневно, но судот може или не може да го дозволи тоа.

Додик беше осуден откако беше прогласен за виновен за кривичното дело за неисполнување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница, а покрај затворската казна, му беше изречена и забрана за вршење на функцијата претседател на Република Српска или на која било друга избрана функција во период од шест години.

Веднаш по изрекувањето на пресудата Додик изјави дека не планира да се жали, но дека конечната одлука по ова прашање ќе ја препушти на своите бранители.

Би можело да ве интересира

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Додик: Република Српска е подготвена да биде партнер на сите, но никому слуга

Додик го утна терминот, стигна во Америка точно за поразот на Трамп

Катерина Ѓуровски

Додик: Врските меѓу Србија и Српска нема да бидат прекинати од оние кои сакаат Србите да се откажат од сопствениот народ

Француски медиум: Милорад Додик планира патување во Вашингтон, ќе се сретне со лобистите ангажирани од РС

Предраг Петровиќ

Додик: Србите не се добредојдени во Сараево

Горан Наумовски