Судири на островот Кос поради изградбата на бегалски центар

Од:

На грчкиот остров Кос, каде од минатото лето секојдневно пристугнуваат поголем групи бегалци од Сирија и Ирак, денеска дојде до судир меѓу полицијата и локални жители, кои се противат на изградба на центар за регистрација на имигрантите на местото на некогашната веона касарна, објавија атинските медиуми.  

Демонстрантите фрлале со камења врз полицајците, кои возвратиле со солзавец. Како што јави Танјуг, двајца демонстранти се префрлени в болница поради проблеми со дишењето,  
– Ситуацијата тука е сериозна. Се случуваат ужасни работи, изјави заменик-градоначалникот на Кос, Давид Гераскалис, додавајќи дека локалните жителите сакаат бегалците веднаш да бидат пренесувани на копното, стравувајќи дека приливот на имигранти може да го уништи туризмот – главниот извор за приходи на островот.

Очевидци изјавија дека изградбата на центарот не била прекината и покрај протестите. 
Грчките медиуми наведуваат дека на овој остров од утрово се наоѓаат четири полициски одреди од Атина и дека ситуацијата е критична.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море