Грчката полиција денеска соопшти дека избил судир меѓу полицијата и мигрантите во камп на островот Лезбос.
Според портпаролот на локалната полиција инцидентот почнал во делот на кампот Морија, каде се сместени малолетни мигранти и се проширил понатаму.
Тој наведе дека се запалени контејнери.
– Интервентната полиција во моментот води операција внатре и надвор од кампот, посочи портпаролот.