Папата Франциск ќе го посети грчкиот остров Лезбос

Од:

За време на турнејата што ја вклучува и Грција, папата Франциск кон крајот на ноември или почетокот на декември ќе го посети островот Лезбос.

Во рамките на подготовките за посетата, според истите информации, денеска на Лезбос се кардинали од Ватикан, кои заедно со претставници на Министерството за миграција и азил на Грција ќе го посетат во привремениот центар за прием на бегалци и мигранти Кара Тепе, што е дел од програмата на папата.

Грчкиот остров, папата Франциск го посети и во 2016 година, кога во ек беше мигрантската/бегалската криза, а Лезбос беше најпогоден.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он