Судир меѓу грчките власти и мигранти на Лезбос

Од:

Грчката крајбрежна стража со помош на полицијата утрово употреби парализирачки гранати за да се справи со бунтот на илјадници мигранти, повеќето Авганистанци, кои со денови се наоѓаат во пристаништето Митилена на островот Лезбос.

Околу илјада Авганистанци се обиделе да го окупираат фериботот „Сина ѕвезда 1“ извикувајќи „Атина, Атина“. Бродот тогаш го затворил влезот, но во исто време стотици патници кои веќе се качиле на него, биле заробени меѓу мигрантите.

Во меѓувреме, на пристаништето Пиреја се очекува да пристигне траектот „Елефтериос Венизелос“ со околу 2.504 мигранти од четири острови во источниот дел на Егејското Море.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

Трамп: Веднаш ќе ја запрам инвазијата на мигрантите во Америка

A1on

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски