Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Од:

Патник во алкохолизирана состојба се обидел да упадне во пилотската кабина на авион на компанијата „Изи џет“ на височина од 10.000 метри, тврдејќи дека пилотот бил „неук“ и дека може подобро да пилотира, но екипажот и патниците успеале да го совладаат.

Авионот, кој полетал од лондонскиот аеродром Гетвик кон грчкиот остров Кос, морал принудно да слета во Минхен.

Патниците и персоналот кои се бореле со него го собориле на подот, а потоа добиле аплауз од преплашените патници, пишува весникот Сан.

При слетувањето во Минхен го пречекала германската полиција и го уапсила, а патниците ноќта ја поминале во хотели.

Еден од патниците изјавил дека персоналот на авионот се однесувал многу добро, но дека „драмата била многу вознемирувачка“.

Од компанијата „Изи Џет“ велат дека ваквите инциденти се ретки и дека не трпат недолично или заканувачки однесување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

Силен земјотрес во Грција

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски

Пилот пријавил дека во авионот има бомба, принудно слетал на аеродромот во Подгорица

Горан Наумовски

Експлозија на лет од Крит: Патниците извикуваа „бомба, бомба, бегајте“