Строгите мерки на хрватските граници продолжени до 15 јануари

Од:

Хрватска денеска ги продолжи строгите мерки на границите, кои, поради епидемиолошката состојба ќе важат уште еден месец – до 15 јануари.

Според Националниот штаб за цивилна заштита, согласно овие мерки, граѓаните на ЕУ можат да влезат во Хрватска само со негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа, или мора да одат во самоизолација се додека не добијат негативен тест.

Исклучок се луѓето во транзит, прекуграничните работници, дипломатите и здравствените работници.

Обврската за ПЦР-тест или самоизолација важи и за сите хрватски граѓани надвор од Хрватска кои би сакале да ги поминат празниците во својата татковина.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб