Стотици мигранти продолжуваат да ја „окупираат“ автобуската станица во Истанбул

Од:

Стотици имигранти продолжуваат да ја „окупираат“ меѓународната автобуска станица во Истанбул. Според турски медиуми, околу 2.000 лица се во очекување да тргнат кон западните граници на Турција со Грција и Бугарија.

Полицијата, меѓутоа, не им дозволува на автобусите со имигранти да патуваат, при што тие седнале на земја во исчекување да заминат.

Други групи имигранти поставиле шатори кај магистралата за Капакуле во близина на градот Едрене. Турските власти не им дозволуваат да пристигнат до граничниот премин за Бугарија и Грција. Но и покрај тоа, тие одбиваат да се вратат во обратна насока, надевајќи се дека ќе им дозволат да преминат во Грција или Бугарија, и оттаму во Европа.

Големи групи бегалци од Сирија и Ирак тргнаа пеш од Истанбул за Едрене, откако турската полиција запре патнички автобуси за тој реон во обид да запре неколку стотици имигранти, кои сакаат да пристигнат до Бугарија или Грција преку копнените граници.

Окоу 800 лица, мажи, жени и деца одеа пеш по магистралата. Пред свртувањето за Едрене, властите ги запреа и не им дозволија да пристигнат до границата. Тогаш тие ги поставија шаторите. Од општината им обезбедија храна и вода на бегалците.

Би можело да ве интересира

Пронајдени тела на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ