Столтенберг: ЗСО е клучот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека формирањето на Заедницата на српските општини е клучот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.

На заедничката конференција со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, тој ги повика Белград и Приштина да го продолжат дијалогот бидејќи, посочи, тоа е единствениот пат до мирот.

„Разговаравме и за тензиите на северот на Косово и важноста на мировната мисија КФОР, која гарантира безбедност веќе две децении, ќе продолжиме да го правиме тоа непристрасно и во рамките на мандатот. Припадниците на КФОР претрпеа напади, видовме немири во септември, сторителите мора да бидат изведени пред лицето на правдата, рече Столтенберг.

Тој рече дека после тоа КФОР распоредил 2.000 војници на Косово што е најголемото засилување на КФОР во изминатата деценија и нагласи дека ја поддржува координацијата на армијата и КФОР.

Би можело да ве интересира

Муцунски му се заблагодари на Столтенберг за придонесот во евроатлантската безбедност

Не гледаме воена закана која би дошла од Русија против кој било сојузник на НАТО или регионот, вели Столтенберг

Предраг Петровиќ

Столтенберг: Насилството во Косово е неприфатливо

Столтенберг на „Преспа форум“: НАТО секогаш ќе го избере патот што води кон надеж, демократија и мир

Пораката на Столтенберг до Белград и Приштина: Само да знаете, испративме дополнителни 500 војници на готовност

Столтенберг: Белград и Приштина да се вклучат во дијалог – Приштина да ја запре дестабилизацијата

Горан Наумовски