Столтенберг: Насилството во Косово е неприфатливо

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска во Приштина изјави дека Алијансата ќе направи се за да не се повтори, како што рече, насилството што беше забележано во мај во Звечан, како и во Бањска на 24 септември, порачувајќи дека е важно да се пронајдат одговорните за да се обезбеди такво насилство да не се повтори.

„Насилството во Косово е неприфатливо. Затоа го зголемивме присуството со уште 1.000 војници, што е најголемото зголемување на НАТО во претходната деценија“, рече Столтенберг на прес-конференција во Приштина.

„Кога станува збор за истрагата, НАТО не е истражен орган, прашањето за Бањска е работа на косовската полиција, ЕУЛЕКС, а тоа утре ќе го кажам и во Србија. Секако, очекуваме одговорните да бидат изведени во Правда. Важно е да има последици, насилството не можеме да го повториме“, рече Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Столтенберг: Кина игра клучна улога во илегалната војна на Русија против Украина

Горан Наумовски

Столтенберг: НАТО сака Украина да стекне способност да ја задржи Русија

Горан Наумовски

Столтенберг: Кина треба да се соочи со последици за поддршката на Русија

Столтенберг: Порешителни акции против руските шпиони во земјите на НАТО

Столтенберг: Кина мора да престане да ја поддржува Русија ако сака добри односи со Западот

Столтенберг: Нарушена довербата на Украина во НАТО поради доцнењето на помошта