Не гледаме воена закана која би дошла од Русија против кој било сојузник на НАТО или регионот, вели Столтенберг

Од:

Ние не гледаме некоја воена закана којашто би дошла веднаш од Русија против кој било сојузник на НАТО или регионот. Но секако остануваме претпазливи, одблизу набљудуваме што прави Русија и ќе останеме обединети, вели генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на заедничката прес-конференција во Скопје со неговиот домаќин, премиерот Димитар Ковачевски.

– Ние имаме воено присуство во овој регион со КФОР, со ГШ во Сараево и со Канцелариите во Белград и подготвени сме брзо да се засилиме и да направиме се што треба за да го одбраниме секој сојузник од каква било закана. Но сепак не гледаме нешто што би дошло како закана против кој било НАТО сојузник. Исто така, продолжуваме да ја повторуваме нашата порака до Русија дека треба да се воздржат од агресивните дејства против соседите и да ја сопрат војната агресија против Украина. И секако тие треба да го почитуваат меѓународното право затоа што секоја нација има право да го избере својот пат, рече Столтенберг на новинарско прашање како ја коментира минатонеделната изјава на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека има информации дека Русија има план за воена дестабилизација воена на Балканот.

Една од причините, како што нагласи Столтенберг, поради која рускиот претседател Путин тргна во војна против Украина е дека тој не сакаше Украина да се приклучи кон Алијансата.

-Ввсушност сакаше и многу повеќе од тоа. Сакаше НАТО да гарантира дека нема да има натамошно проширување на НАТО, да ги тргне сите свои сили од источниот дел на Алијансата. Путин го добива токму спротивното. Добива повеќе НАТО, поголемо присуство на НАТО во источниот дел од Алијансата и сега доаѓаме и до нови НАТО членки – Финска и Шведска. Ова е голем стратешки пораз за претседателот Путин и покажува дека било голема грешка да се нападне Украина. Ја поздравувам поддршката што ја добиваме од Северна Македонија, сојузниците на НАТО. Сакам да продолжиме да ја поддржуваме Украина. Имаше и најави од Германија и од САД за повеќе воена поддршка во Украина. И ние ќе продолжиме да останеме таму да ја браниме Украина и нејзиното право на самоодбрана против руската агресија, подвлече првиот човек на НАТО.

Во однос на истото прашање премиерот Ковачевски истакна дека информациите кои ги разменуваме со институциите внатре во државата, меѓутоа и со земјите сојузнички во НАТО е дека нема закана за безбедноста и стабилноста на нашата земја. Потенцирам дека ние а и останатите земји членки на НАТО се бориме против руското влијание во регионот.

-Ние сме земја на НАТО и ве уверувам дека институциите си ја вршат својата раабота. И да не заборавиме дека и сите субјекти и политички чинители имаат обврска да придонесуваат за заеднички мир и стабилност. Секако дека влијание на трети земји вклучително и руско влијание постои во регионот и тие секогаш се во можност да пронајдат свои истомисленици во поединци, во одредени политички партии и во одредени организации. Меѓутоа сепак тие не се ниту на приближно ниво, на она што го поседуваат нашите институции, што го поседуваат земјите членки на НАТО и што го поседуваат нашите безбедносни служби за да бидат во можност да направат какво било дестабилизирање на нашата држава, подвлече премиерот Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Столтенберг: Нема индикации дека Путин е подготвен за мир

(ВИДЕО) Столтенберг: Ситуацијата е крајно сериозна, но не смееме да губиме надеж

Шефот на НАТО даде дозвола: На Украинците ќе им биде дозволено да стрелаат во Русија со авиони Ф-16

Предраг Петровиќ

Шведска тврди: Има ризик Русија да не нападне

Предраг Петровиќ