Стоев: Бугарија очекува јасни гаранции од Северна Македонија

Од:

Софија очекува јасни гаранции од Скопје по однос на правата на граѓаните со бугарска национално чувство и исполнувањето на Договорот за пријателство од 2017 година, истакна шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев на билатерални средби со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји и со шпанскиот министер за надворешни работи, ЕУ и соработка Хозе Мануел Албарез Буено.

Како што јави БГНЕС, средбите, на кои станало збор за перспективите за почеток на преговори на Северна Македонија за членство во ЕУ, се одржале во Барселона во рамките на Шестиот регионален форум на Унијата за Медитеранот и министерскиот состанок на ЕУ и земјите партнери од јужното соседство.

– Бугарската страна ги истакна своите проактивни напори во последните месеци за решавање на отворените прашања со Скопје, со цел да се гарантираат правата на граѓаните со бугарски идентитет и спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година. Очекуваме јасни гаранции од Република Северна Македонија за ова, соопшти бугарското МНР.

Стоев денеска и утре престојува во Рига каде учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, на кој учествува и шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Во рамки на министерскиот состанок на НАТО, како што соопшти бугарското МНР, ќе се одржи и средба со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и партнерите Шведска и Финска за актуелните случувања на Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Во Заклучоците за проширувањето на Советот на ЕУ не стои дека уставните измени треба да стапат во сила веднаш

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков на разговор во МНР

Катерина Ѓуровски

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

A1on

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

A1on

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска