Стејт департмент: Американските граѓани да избегнуваат патување во Косово и БиХ поради опасност од тероризам

Од:

Косово и Босна и Херцеговина се земји во втората категорија по опасност од тероризам на листата на американскиот Стејт департмент. Во земјите од таа категорија постои ризик од нарушена безбедносна ситуација и се препорачува особена внимателност и будност при патување.

Во предупредувањето за Косово се наведува дека треба да се внимава поради зголемен ризик од можен тероризам.

– Во некои градови и села како Северна Митровица, Лепосавич, Зубин Поток и Звечан можни се граѓански немири, се вели во предупредувањето.

Во извештајот на Стејт департмент се истакнува дека терористички групи од Косово и Босна и Херцеговина подготвуваат можни напади во балканскиот регион.

– Терористи можат да извршат напад без предупредување. Нивна цел се туристички локации, пазари и шопинг центри, локални владини установи, хотели, клубови, религиозни места, паркови или големи спортски и културни настани, се вели во предупредувањето.

За Босна и Херцеговина, освен за тероризам се предупредува и за нагазни мини и се наброени истите точки каде терористите би можеле да извршат напад.

Земјите од третата и четвртата земја се најзагрозени, а таму се препорачува преиспитување на патување и избегнување да се патува поради сериозен ризик во однос на безбедноста.

Во третата категорија е ставена Русија, со предупредување за граѓански немири во регионот на северен Кавказ.

Заменик помошникот на државниот секретар, Мишел Берние-Тот на специјален брифинг за новинарите во Стејт департментот укажа дека дел од земјите од четврта категорија се и Авганистан, Централна Африканска Република, Ирак, Иран, Либија, Мали, Северна Кореја, Сомалија, Јужен Судан, Сирија и Јемен.

Македонија, како и нашите соседи Албанија, Србијa, Бугарија или Грција се ставени во прва категорија на земји каде условите за патување се нормални и ризикот по безбедноста е низок.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху