Српските власти запленија рекордна количина на неоданочени цигари

Од:

Српската полиција денеска, при голема операција во градовите Белград, Краљево, Суботица и Нови Пазар, заплени 653.450 пакети на неоданочени цигари, што претставува една од најголемите количини на запленети цигари во изминатите 10 години.

Вредноста на запленетите цигари се проценува на речиси еден милион евра, а при оваа операцијата се упасени пет лица.

Поголемата количина од цигарите, што немале бандероли и документи за произвдство, биле пронајдени во импровизирани складови во регионот на Белград и Суботица, а другиот дел биле запленети во пет автомобили во моментот на транспорт.

Би можело да ве интересира

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ