Српските научници протестираат за спас на науката

Од:

Речиси 2000 научници од сите институти и факултети во Србија се собраа да го кренат гласот против одлуката на Министерството за образование и наука за неспроведување на Стратегијата за научен и технолошки развој, како и укинување на фондот за истражувањата од областа на науката.

Демонстрантите бараат оставка на сите функционери во министерството, на чело со министерот Жарко Обрадовиќ, поради нестручност, нерешавање и игнорирање на проблемите во оваа област.

Српскиот Синдикат за наука условува да се зголеми нивото на материјалните трошкови за истражувачите за 50 насто, како и нивна навремена исплата, но и донесување закон за финансирање на науката до крајот на 2013-та година, според европски модел.

Синдикатот се надева на итна средба со премиерот Ивица Дачиќ, за да се усвојат и спроведат неопходните мерки за спас на науката.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија