Грозоморен инцидент се случи денеска часот во Топола кога маж (53), член на општинското собрание, се самозапали пред полициската станица.
Драган Јовановиќ, пратеник на Српската напредна странка во овој град, на социјалните мрежи објави фотографии од местото на настанот, како и детални информации за тоа што се случило. Меѓу другото изјави дека советникот во моментот на инцидентот бил во алкохолизирана состојба.
Екипата на итната помош брзо пристигнала на местото на настанот и му пружила прва помош на повредениот пред да биде пренесен во Клиничкиот центар Крагуевац, каде му е укажана лекарска помош.
Пратеникот во Топола, Драган Јовановиќ преку објава на својот Фејсбук профил опиша што се случило.
– Се обидел да си го одземе животот со самозапалување во преминот зад полициската станица и Центарот за социјална работа. Според неофицијални информации, советникот доброволно и видно алкохолизиран дошол во полициската станица во Топола и ги навредувал полицајците, по што го направил тоа што го направил. Трагите од тој неразумен чин се уште се видливи на патеката и тревникот – напиша Јовановиќ во објавата.
Според неофицијални информации, мажот се здобил со тешки изгореници. Во моментов не се познати деталите кои довеле до овој трагичен настан.
Истрагата е во тек и се утврдуваат мотивите за овој инцидент.