Српски „Курир“ објавува: Пејачот Кајмаковски е киднапиран во Белград

Од:

Пејачот Даниел Кајмакоски (43) бил киднапиран синоќа во Белград, дознава српски „Курир“. Кајмакоски е киднапиран во автомобил во близина на Бетон Хала. Непознатите сторители по кои се трага го врзаa и го возеa во неговиот автомобил, притоа барајќи 20.000 евра.

– Сомневањата се дека се странски државјани, а не е исклучена можноста дека се мигранти. Тие го однесоа киднапираниот маж во Рума, каде што, кога сообраќајната полиција се обиде да ги запре, удрија во тротоар, излегоа од возилото и избегаа, открива извор за „Курир“.

Даниел Кајмакоски е роден во Струга, во 1983 година. На шестгодишна возраст се пресели со своите родители во Виена, каде што порасна.

Стана познат по учеството и победата во првата сезона на српската верзија на натпреварот за таленти X Factor Adria. Тој ја претставуваше Македонија на Евровизискиот натпревар во 2015 година.

Неговиот прв значаен настап во неговата земја, но и во Србија.

Со песната „Лисја есенски“, Кајмакоски триумфираше на македонскиот национален избор за Евровизискиот натпревар 2015 во Виена, со што стана 16-тиот последователен претставник на Евровизискиот натпревар. Тој не се квалификуваше за финалето.

Би можело да ве интересира

Притвор за двајцата осомничени за грабнувањето кај Демир Капија

Горан Наумовски

Го киднапирале, го тепале и му се заканувале со убиство за да признае силување

Брутално киднапирање во Црна Гора: Однесоа маж на непозната локација, го мачеа, го претепаа па го сечеа

Горан Наумовски

Хорор сцена во Италија: Непознат човек се обиде да киднапира 18-месечно дете, родителите го спречија

Горан Наумовски

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

„Ве молиме вратете ни ја нашата мајка“ – ТВ водителка јавно им се обрати на киднаперите кои побараа милиони долари во криптовалути