Српската војска собори дрон над касарна

Од:

Војската на Србија попладнево собори беспилотно летало над касарната во Рашка на југозапад од земјата, пренесува Телеграф.

Претходно e забележано набљудување и извидување на касарната, па армијата согласно наредбата на врховниот командант го собори дронот.

Се чека соопштение од армијата.

Вчера српскиот претседател Александар Вучиќ издаде наредба дека сите непријателски беспилотни летала на територијата на централна Србија треба веднаш да бидат уништени. За да се спречат понатамошни непријателски активности, српските „мигови 29“ беа подигнати во акцијата на набљудување и евентуален напад на непријателските авиони. Недолго потоа, забележаните објекти го напуштиле воздушниот простор на централна Србија, пренесоа српските медиуми.

Би можело да ве интересира

Украински дрон собори два руски борбени авиони Су-30

Горан Наумовски

Руската одбрана собори 11 украински беспилотни летала

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага

Тошковски: Ако постои правило дека дрон не сме да лета над толпа, тогаш тоа не треба да се прави

Предраг Петровиќ

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

(ВИДЕО) Ретка снимка: Руски бомбардер напаѓа американски дрон

А1он