Српската војска се засилува со воени свештеници

Од:

Прв пат после 70 години, во српската војска на должност ќе бидат распоредени воени свештеници. Тие треба да завршат Воена академија и да добијат чин на офицери, за да можат да вршат богослужбени и верски активности.

Свештениците нема да носат оружје, ниту ќе имаат можност да издаваат команди.

Началникот на Одсекот за вера во Управата за човечки ресурси при српскиот Генералштаб, Стевица Карапаџин, истакна дека ваквиот чекор се остварува влијание на стабилноста и безбедноста на Србија.

– Верската служба преку предавања на духовни теми ќе го јакне обликувањето на моралот, духовните вредности и мотивација на бранителите на државата, како и негување на војничките принципи, патриотизмот и граѓанската одговорност – вели Карапаџин.

Исто така, воените свештеници ќе бидат насочени и кон отстранување на последиците од страв, стресни пореметувања, надминување на депресијата, проблемите во бракот, губење на блиска личност од животот.

На група од 100 – 500 војници ќе биде распореден по еден свештеник.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија