Српската дијаспора во САД дава поддршка за Трамп

Од:

Српската дијаспора се приклучи на локалниот предизборен митинг за поддршка на Доналд Трамп оваа недела, на кој присуствуваа претставници на Републиканската партија од Висконсин, вклучувајќи многу претставници од Сенатот на САД, конгресмени како и поранешниот гувернер на Висконсин, Скот Вокер.

На собирот учествуваа и српски претставници од иницијативата „Србите за Трамп 2020“ кои дадоа поддршка за републиканскиот кандидат.

Поранешниот гувернер на Висконсин, Скот Вокер соопшти дека милиони долари се дале во сојузната држава од страна на Демократската партија во изминатата недела, бидејќи тие ја знаат важноста на таа држава на изборите.

„Секој глас е важен и ние цениме сè што досега направи иницијативата на Србите за Трамп оваа година. За иницијативата дознавме преку големата медиумска поддршка што ја ужива вашата кампања, особено во Србија и ги следиме сите ваши социјални медиуми“, рече Вокер.

Претставникот на иницијативата, Славиша Раѓен, рече дека поради цензурата на сè што е поврзано со Трамп во Америка, организацијата „Србите за Трамп“ имала добра соработка со медиумите во Србија и дијаспората.

Тој посочи дека тоа е единствениот начин пораката да стигне до српско-американскиот електорат со цел да ги приближи до целите, програмата и имињата на локалните кандидати.

Конгресменот Брајан Штеил се заблагодари за поддршката од српската дијаспора, а особено за сите гласови што ги дале за него, но и за реизборот на Трамп.

Благодарност упати и Републиканската партија со желба да се продолжи успешната соработка со српската заедница во САД.

Би можело да ве интересира

Израел се стреми да го минимизира влијанието на новите американски тарифи – Трамп разговараше со Нетанјаху

А1он

Трамп воведува царини од 20 отсто за увоз од ЕУ, 25 отсто за сите возила

Предраг Петровиќ

Трамп: Голем напредок кога станува збор за Украина, разговорите со Москва и Киев се одвиваат добро

А1он

САД, Русија и Украина веќе ги исцртуваат границите на новиот договор

А1он

Трамп објави документи во врска со атентатот на Џон Кенеди

А1он

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on