Српска стоперка ограбила возач

Од:

Полицијата во Ниш ја приведе дваесет и осумгодишната З.Т од околина на Књажевац и нејзиниот соучесник И.М од Ниш, поради сомнеж дека на 10-ти февруари на автопатот Ниш-Пирот ограбиле возач од Турција.

Девојката стопирала автомобили кај Појат и од турски возач, кој ја примил во камионот, побарала да ја превезе до Ниш. Кога стигнале до влезот на градот, го замолила возачот да и ја отвори вратата, бидејќи наводно ја боли нога.

Возачот се наведнал кон неа за да и ја отвори вратата, а нејзиниот соучесник на кого му јавила дека пристигнува со турски камион со палка му нанел удар во вратот.

Потоа надвор од камионот настанала физичка пресметка помеѓу мажите, додека стоперката го искористила моментот и од паричникот на турскиот државјанин украла 350 евра и мобилен телефон, по што заедно со соучесникот побегнале.

Жртвата се упатила до најблиската бензинска пумпа од каде што ја информирал полицијата за инцидентот.

На З.Т. и И.М. им е одредено полициско задржување од 48 часа, по што со кривична пријава за разбојништво ќе бидат изведени пред надлежниот суд.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија