Српска полиција спречи обид на 150 бегалци за влез во Хрватска

Од:

Српската полиција синоќа спречи околу 150 имигранти во нивниот обид да влезат во Хрватска, јави српската државна телевизија РТС.

Според телевизијата имигрантите, кои бил сместени во прифатниот центар за бегалци во Шид, пеш се упатиле кон српско-хравтската граница со намера да преминат на територијата на Хравтска.

Полицијата ги пресретнала кај селото Адашевци, во близина на границата и се обидела „ненасилно да ги врати“ во бегалкциот центар, но тие се спривставиле на тоа и седнале на кловозот на патот по кој се движеле, блокирајќи го сообраќајот. Сепак, полицијата набрзо успеала да ги отстрани од патот,

Како што јави Танјуг, станува збор за лица кои наводно веќе биле вратени од страна на хравтските власти со образложение дека не потекнуваат од кризни подрачја, иако тие тврдат дека се од Сирија, Ирак или Авганистан.

Во текот на вчерашниот ден од Шид со воз кон Хрватска заминале над 600 бегалци, а во центарот останале уште околу 500 други.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Сијарто: Санкциите за НИС не се проблем само за Србија, туку за цела Централна Европа, Унгарија е подготвена да помогне