Средби на Лавров со Ципрас и Коѕиас

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Атина се сретна и со грчкиот премиер Алексис Ципрас и со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас.

– Вашата посета доаѓа во клучно време за стабилноста во регионот и пошироко, рече Ципрас на средбата со Лавров во премиерскиот кабинет.

– Вашето присуство ja истакнува потребата да се одржуваат блиски билатерални односи, додаде премиерот, подвлекувајќи ја досегашната добра соработка меѓу Русија и Грција во областа на туризмот и инвестициите.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, тој исто така повика на „одржливо решение“ за поделба на Кипар.

Претходно, на средбата со грчкиот претседател Павлопулос, Лавров рече дека Москва ќе придонесе во напорите за постигнување договор за Кипар во согласност со резолуциите на Советот за безбедност на ОН. Тој посочи дека главната причина што досега не е постигнат договор е тоа што „некои држави не сакаат да се реши кипарското прашање“, без да именува некоја земја посебно.

На прес-конферецијата по средбата со Коѕиас, пак, рускиот министер рече дека Русија и Грција имаат солиден потенцијал во областа на енергетиката и оти во оваа овласт претстојат конкретни разговори кои имаат за цел практилни резултати.

Тој информира дека утре и задутре во Атина ќе се одржи редовна седница на меѓувладина комисија за економска, индустриска и научно-техничка соработка.

Коѕиас, од своја страна, нагласи дека Грција е земја на стабилност во регионот и има посебна одговорност за прашањето за постигнување мир. Тој додаде дека Грција, во денешно време кога има нестабилност во регионот, настапила со иницијативи за постигнување мир на Блискиот Исток и на Балканот.

– Во нашиот регион има многу политичари кои се држат до стариот начин на размислување. Постои национализам, кој наоѓа нови форми на израз, и Грција, и покрај кризата, е силна земја и носи посебна одговорност за давање придонес за постигнување мир и стабилност. рече Коѕиас.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика на Северна Македонија

А1он

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии