Средба Хан-Тачи во Брисел: Еврокомесарот бара да се почитуваат роковите од политичкиот договор, а ДПА – нов Рамковен договор

Од:

На барање на еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, денеска во зградата на Европската комисија во Брисел се одржа средба меѓу него и лидерот на албанската опозициска партија во Република Македонија, ДПА, Мендух Тачи.
 
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, на средбата со Тачи, Хан инсистирал и ДПА да влијае да се почитуваат роковите договорени во рамки на политичкио договор од 2 јуни/15 јули, заклучно со одржување на предвремени парламентарни избори на 24 април 2016 година.
 
Во изјава за МИА, Тачи го потврди ова по средбата, додавајќи дека тој пред еврокомесарот го претставил и барањето на единствената опозициска партија во македонскио парламент, а тоа е за креирање на нов Рамковен договор, со оглед на тоа што според лидерот на ДПА – Охридскиот договор не е во цлеост имплементиран, а е застарен.
 
– Денеска имав многу важна средба со господинот Хан. Тој имаше голема заинтересираност за имплементацијата на политичкиот договор од 2 јуни/15 јули. Пораката што ја добивме е дека е многу важно да ги почитуваме роковите за имплементација на политичкиот договор. А, од моја страна беше покренато значењето на фер и демократски избори, бидејќи ДПА е во моментов единствена опозициска партија и многу е важно, па се фокусиравме на истото – потенцира Тачи.
 
Лидерот на ДПА, на Јоханес Хан вели дека му укажал на загриженост зошто препораките од Комисијата во која учествувал Питер Фејт не се вклучени во рамки на работните групи за спроведување на договорот од Пржино, а во однос на Охридскиот договор.
 
– Од наша страна е укажано дека Охридскиот договор, поради неимплементација на време е растурен договор и тоа не по вина на Албанците. Ние имаме предлог за нов договор што ќе биде во духот на Охридскиот договор. Не сме против Рамковниот договор, но потребен ни е нов договор и нови рокови – образложува Мендух Тачи.
 
Запрашан дали Охридскиот договор не е како што тој влеи уништен и од страна на Албанци, со оглед на тоа што за спроведување на истиот има вицепремиер од албанската партија ДУИ во власта, Тачи со одговор дека е тоа точно, но дека истото не сакал да го каже со цел да не се разбере како политички маркетинг од страна на неговата партија.
– Но, и тие што се учесници во власта како претставници на Албанците во Македонија се исто така апсолутно одговорни за растурање на Охридскиот договор – одговори Тачи.
 
Инаку, делегацијата на ДПА предводена од претедателот на партијата останува во Брисел, со оглед на тоа што во текот на утрешнио ден, Мендух Тачи ќе има средби со претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Жозеф Дол, чија сестринска апртија е ДПА, како и со известувачот за Република Македонија од Европскио парламент – Иво Вајгл.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Пукање во центарот на Брисел: Четири лица се повредени

Горан Наумовски

Нови детали за терористичкиот напад во Брисел

ВИДЕО: Терористот од Брисел е мртов

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Терористот од Брисел застрелан во кафуле, не се знае дали преживеал

Катерина Ѓуровски