Србите во Словенија најавија протест

Од:

Претставници на српската заедница во Словенија, во сабота ќе одржат протестен марш во Љубљана и ќе ги повикаат властите да ги признаат како национално малцинство.

Тие најавија дека ќе укажат на она што го сметаат за дискриминација во споредба со трите уставно признаени малцинства, пренесуваат агенциите.

-Ние сме словенечки граѓани со српско потекло и немаме статус како национално малцинство, а треба да имаме – изјави Миленко Вакањац, од Здружението на српската дијаспора во Словенија.

Според него, во последниот попис од 2002 година, во Словенија има 38.946 припадници на српската заедница.

Здружението потенцира и на наводна корупција во Министерството за култура во врска со доделување средства од европскиот социјален фонд и наведе дека Министерството ги дискриминира.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски