Србите го презентираа логото на ЗСО, ќе ја формираат на 20 април

Од:

Претставници на косовските Срби денеска одржаа средба во северниот дел на Митровица, на која учествувале 120 делегати и претставници на 10 општини со мнозинско српско население.

На средбата било договорено на 20 април да се формира Заеднцата на српски општини, а било презентирано и логото на заедницата.

Лидерот на „Српска листа“ Горан Ракиќ, нагласил дека тоа ќе биде едностано, бидејќи „Приштина не успеала да го спроведе договорот“.

– Приштина не успеа да ја формира Заедницата, сега тоа ќе го сториме ние. Заедницата ќе ја формираме на 20 април, рече Ракиќ.

Средбата почнала во 12:44, што асоцира на Резолуцијата 1244.

Игор Симиќ од Листа Српска изјави дека добиле поддршка од претседателот на Србија дека доколку се повторат настаните од претходните два дена „ нема да останат да гледаат“.

Симиќ додал дека Српската листа ќе биде силна опозиција во Собрание за одлуките на Владата на Косово.

Иван Тодосијевиќ, кој се уште е министер во косовската влада од Српска листа и претставник од „привремените тела на општина Звечан”, рече дека Србите ќе го формираат Здружението, доколку тоа не ги направат Приштина и Западот.

Би можело да ве интересира

Полициски службеници попладнево влегоа во Медицинскиот факултет во Ниш

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ