Србија во октомври ќе почне да ја произведува кинеската вакцина Синофарм, најави Вучиќ од Абу Даби

Од:

„Направивме голем договор вечерва, заедно со ОАЕ и Кина ќе градиме нова фабрика во Србија за вакцините Синофарм, кои ќе ги произведуваме од 15 октомври, најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

-Во наредните денови, во рок од две недели, ќе го сториме тоа и јавно и за потпишување. Тоа ќе биде целосно гринфилд, нова фабрика за вакцини, за вакцините на Синофарм, кои ќе ги градиме заедно со Емиратите и Кинезите во Србија, а со производство на вакцината ќе започнеме веќе на 15 октомври, објасни Вучиќ во изјавата за РТС.

Тој посочи дека, покрај ходограмот направен со надлежниот руски министер, за производство на руската вакцина „Спутник V“ во рамките на институтот Торлак, договорено е фабриката за вакцината Синофарм да се заврши и да започне со производство на 15 октомври.

-Оттогаш ќе имаме големи количини вакцини за нас, но и за целиот регион, бидејќи она што го научив вечерва е дека ќе мора, барем по буквална производна цена на чинење, да ја даваме вакцината на регионот, затоа што сè што правиме, што ги лечиме нашите луѓе или дејствуваме превентивно, нема да вреди ако има проблем во регионот, објасни Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он