Србија тврди дека има имот на Косово вреден 220 милијарди долари

Од:

Србија тврди дека има документација која потврдува дека поседува имот во Косово во вредност од над 220 милијарди долари, објави тиранскиот весник „Шекули“.


Како што јави дописникот на МИА, „Шекули“ посочува дека ваквото тврдење го изнесува белградскиот дневен весник „Вечерње новости“, кој важи за близок до актуелната власт во Белград. Според овие тврдења, само имотот на протераните косовски Срби ја минува вредноста од четири милијарди долари.


– Освен 580 илјади хектари земјоделско и градежно земјиште, како и шуми кои се во сопственост на српската држава, таа е сопственик и на 1,4 милиони квадратни метри деловни простории, 145 илјади квадратни метри стопански објекти и 25. 999 квадратни метри станови. Сите овие се цел на незаконска продажба, стои во написот.


Како што наведува „Вечерње новости“, преку „илегална приватизација од страна на косовските власти“ Албанци стануваат нови„газди“ на илјадници хектари земјиште сопственост на Србија.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија