Србија: Суфицит од млекото 20 милиони долари

Од:

Од Србија лани е извезено млеко, млечни производи и видови сирења во износ од 70 милиони долари, а увезено за 50 милиони долари, изјави советникот во Стопанската комора на Србија Ненад Будимовиќ, јави Танјуг.

– Во нашите извозни активности најзастапени беа државите потписнички на ЦЕФТА – Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, а во 2012 најмногу се увезувало од ЕУ, рече Будимовиќ.

Тој прецизира дека во Србија минатата година се произведени 3,6 милиони хектолитри пастеризирано млеко, и 1,06 милиони хектолитри стерилизирано млеко.

Произведени се 916 тони полномасно млеко во прав, 730 тони обрано9 млеко во прав, 2.101 тони путер и 4.381 тон млечен намаз, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани