Србија стартува со научен телевизиски канал

Од:

Од денеска стартуваше новиот српски научен канал „СНТВ“. Како што изјави Милош Костиќ, главен и одговорен уредник, целта на оваа телевизија е да понуди интересна и едукативна програма.

Тој посочи дека „СНТВ“ соработува со повеќе од 60 академски институции, фондации и универзитети во земјата и во светот, вклучувајќи ја и „Никола Тесла“ фондацијата во САД, како и голем број на американски научни фондации. Покрај тоа, воспоставена е врска преку амбасадите на Индија, Русија и Јапонија за соработка со здруженија или организации кои делуваат во овоаа област во тие земји.

Телевизијата е проект на Комитетот за асоцијација на знаење во Србија во кој се собирани заедно млади професионалци, научници и уметници.

Овој канал, за сега, може да се проследи само преку ИПТВ пакетот, но се очекува наскоро да биде достапен преку повеќе кабелски оператори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски