Србија: Шест години не смеат да отстранат „свето дрво“ од пат

Од:

Во викенд населбата на крајбрежјето на Завојско езеро на Стара планина, на околу дваесетина километри одалеченост од Пирот, уште пред шест години паднало дрво за кое што жителите сметаат дека е свето и го попречило патот.

Како што пренесе „Блиц“, поради суеверието никој не смее да го тргне од патот, па дури ниту гранка која што ветерот ќе ја искрши.

Жителите од населбата со години стравуваат дека ќе им се случи несреќа доколку го отстранат дрвото и го ослободат патот.

-Околу ова дрво со децении се собираа жителите и ги одбележуваа селските слави и извршуваа верски обреди. Дрвото падна од старост и го попречи патот. Од тогаш имаме голем проблем како да дојдеме до своите имоти. Никој не се осмелува да го исече -вели еден од жителите.

Тој додава дека од Црквата им ветиле дека ќе дојде свештеник за да прочита молитва и дека потоа ќе може да го исечат дрвото и да го подарат на сиромашните семејства за огрев.

Пиротскиот архиерејски намесник протојерејот Христивоје Николиќ, рекол дека станува збор за суеверие на народот.

-Попаметно е дрвото да се исече и подели на сиромашните, отколку тука да стои –рекол Николиќ.

Меѓутоа никој до сега не се осмелил да го тргне дрвото, бидејќи веројатно верувањето е посилно од потребата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија