Србија: Рашката полиција заплени 19 килограми сканк

Од:

Полицијата во Рашката област во Србија го притвори четириесет и седумгодишниот Газим Б. од Косовска Митровица поради тоа што во неговиот багаж, во автобус кај Рудница пронајде 19 килограми сканк.

Рашката полиција во текот на редовната контрола на заедничката точка на преминот со Косово, во Рудница во автобус од Косовска Митровица пронајде пакети со сканк.

Се претпоставува дека дрогата од Косово, била наменета за белградскиот нарко пазар.

По истекот на полициското задржување, Газим. Б ќе биде предаден на истражниот суд во Краљево.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија