Србија поднесе формално барање до ЦЕФТА против мерките на Косово

Од:

Српската премиерка Ана Брнабиќ вечерва информираше дека во име на Владата поднела формално барање до Секретаријатот на ЦЕФТА за директни консултации во рамките на заедничкиот комитет во врска со зголемувањето на таксите од страна на Косово.

– Тие од утре, од примање на барањето, имаат рок од 90 календарски дена во директните консултации да го решат проблемот што Приштина го направи со директното и недвосмислено кршење на договорот, изјави Брнабиќ.

Таа најави дека доколку во следните 90 дена не се покренат заедничките консултации или не се реши проблемот, Србија во согласност со одредбите од ЦЕФТА ќе поведе постапка пред Арбитражниот суд.

Покрај до Секретаријатот на ЦЕФТА, барањето е испратено и до Мисијата на ОН на Косово (УНМИК), како потписник на договорот за територијата на Косово и до генералниот секретар на ОН.

Брнабиќ истакна дека Србија нема да наседнува на провокации и нема да воведе контрамерки и ќе продолжи да соработува со партнерите во регионот, пред се со БиХ, кон која Приштина ги воведе истите мерки.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Сијарто: Санкциите за НИС не се проблем само за Србија, туку за цела Централна Европа, Унгарија е подготвена да помогне