Србија официјално бара Грција да објасни зошто не ги пушта туристите

Од:

Србија побара официјален одговор од грчките власти за проблемот со преминување на нивната граница од страна на српски државјани и чека одговор, јавуваат српските медиуми. Според официјални лица во Белград, очигледно постојат несогласувања во грчките институции.

„Српските туристи не можат да влезат во Грција, а српската Амбасада побара објаснување за таа одлука,“ изјави министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ.

„Дали таа одлука важи и за државјаните на Србија, бидејќи пред само два дена, министерот за надворешни работи на Грција му вети на Дачиќ дека границите ќе бидат отворени на 15 јуни, кажа Љајиќ и додаде дека колони чекаа на влезот во Грција.

Тој исто така изјави дека пред тоа, на 19 мај, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис истото му го ветил на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и дека сега Србија чека одговор и појаснување.

„Што се случи, буквално за два дена да се донесе една ваква одлука“, вели Љајиќ.

Од српската царинска управа велат дека патниците на граничниот премин Прешево, на границата со Северна Македонија, се враќаат во Србија и дека станува збор за индивидуални поаѓања, што не се организирани од туристичките агенции.

Од Бугарија во Грција можат да влезат само државјани на ЕУ, а границата меѓу двете држави се отвори точно во 11 часот, соопшти денеска Бугарската гранична полиција.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски