Србија очекува подобра понуда

Од:

Српската делегација на денешните преговори во Брисел очекува да и се понуди нешто повеќе од претходната рунда, за да дојдат до компромис.

На црвената линија според тврдењата на претседателот на Србија, Томислав Николиќ остануваат судовите, полицијата и отсуството на косовската војска од територијаата на заедницата на српските општини.

Покрај премиерот Ивица Дачиќ со делегацијата е и првиот потпретседател на владата Александар Вучиќ.

Според Николиќ по денешната рунда разговори, ништо нема да биде конечно.

-Денешниот дијалог во Брисел не е конечен. Уште треба да се водат разговори со Приштина, бидејќи Србија не прифаќа некој утре да и покаже документ на кој пишува или сте овде или не сте, изјави Николиќ.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија