Србија купи дополнителни два милиони дози од кинеската вакцина

Од:

Србија потпиша договор со Синофарм за набавка на дополнителни два милиони дози на вакцината. На потпишувањето присуствуваше и српскиот претседател Александар Вучиќ, заедно со кинеската амбасадорка во Србија, Чен Бо.

Вучиќ преку видео повик, разговарал со раководството на компанијата Синофарм за процесот на набавка на вакцините, изградба на фабрика за кинеските вакцини во Србија, како и за изградба и опремување на српските болници.

Вучиќ изрази благодарност до кинескиот претседател Си Џипинг и истакна дека најголемиот број на граѓани во Србија се вакцинирани токму со кинеската вакцина.

Претседателот на групацијата Синофарм, Лиу Џингжен, изјави дека се среќни што можат да дадат поддршка на граѓаните на Србија во борбата против коронавирусот.

„Ја цениме довербата на граѓаните во нашиот производ“, рече тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски