Србија: Комби со имигранти излета од пат, повредени 40 лица

Од:

Во сообраќајна несреќа во близина на Лесковац повредени се 40 лица, од кои 20 во тешка состојба, додека возачот на комбето е во бегство, објави „Блиц“.

Несреќата се случила утринава околу 5:30 на делницата од Врабовица кон Ниш, во близина на селото Долно Крајинце, кога комби „Ивеко“ со имигранти излетало од патот. Еден од имигрантите изјави за РТС дека групата патувала кон Европа со цел да бара азил.

Според српските медиуми од повредените 40 имигранти, 20 се во тешка состојба, а пет се во животна опасност во болница во Лесковац. Имигрантите се од Нигерија, Бангладеш и Сирија.

Портпаролот на полицијата соопшти дека возачот избегал од местото на несреќата, а полицијата трага по него.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија