Министерот за трговија, Расим Љајиќ изјави дека државата ќе ги преземе чекорите за да сопругата на некогашниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, има достојна старост.
Тој додаде дека веќе разговарал со семејството на Јованка Броз.
-Ќе ги преземеме сите чекори. Во понеделник ќе разговараме со претставниците на службата за заеднички работи и генералниот секретаријат во владата, бидејќи мора да направиме нешто и да го решиме проблемот сега, додека таа е во болница-изјави тој.
Љајиќ нагласи дека куќата во која што живее Јованка е пет пати во полоша состојба, отколку пред една години и дека мора да се поправи.
Јованка Броз е примена во Ургентниот центар во Белград на 23-ти август, во многу лоша здравствена состојба, која по интензивната терапија е подобрена. Таа се уште е во болница, под постојан лекарски надзор.
Елена Георгиевска