Србија ќе потпише договор со ЕУ за претпристапната помош

Од:

Директорот на канцеларијата на Владата на Србија за европски интеграции Милан Пајевиќ и шефот на делегацијата на Европската унија во Србија Венсан Дежер утре ќе потпишат финансискиот договор за Националната програма во рамките на инструментот за претпристапна помош од ЕУ (ИПА), вреден 172 милиони евра.

Средствата ќе бидат искористени за проекти кои ќе и помогнат на Србија да реализира реформи во клучните области неопходни за членство во Унијата.

Средствата ќе бидат наменети за зајакнувањето на владеењето на правото, преку подобрување на ефикасноста на правосудниот систем, со посебна поддршка на судството, обвинителството и полицијата, за што ќе бидат издвоени 17 милиони евра, додека за реформата на јавната администрација ќе бидат наменети 16 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград