Србија ја иритира Грција со односот кон Македонија

Од:

Атина е изиритирана од Србија во врска со Косово и Македонија, објави порталот на атинската РТВ СКАИ, повикувајќи се на извори во Министерствто за надворешни работи на Грција.

Според тие извори, “Србија во последно време повлекла низа неприфатливи потези, вршејќи притисок во Европската унија за решавање на проблемот со името на Скопје (Македонија), но и со информациите за наводниот притисок на Грција за признавање на Косово“, објави РТВ СКАИ.

Во текстот пишува дека Грција “поради неодамнешните провокативни потези на Белград во врска со Косово и името Македонија, вложила официјални протестни ноти.

Во врска со прашањето за името, дипломатските фактори нагласија, пренесува СКАИ, дека “европските партнери на Грција и покрај интервнециите на Србија, и го признаваат правото на преговорите да доаѓа со подготвеност за компромис“, додека “подвлекуваат дека Скопје треба да го надмине иредентистичкиот менталитет и да ги омекне крутите ставови кои го спречуваат договорот“.

Во врска со српските написи за намерите на Грција да го признае Косово, “извори во Министерството за надворешни работи на Грција објаснуваат дека политиката на Атина во целост претставува спроведување на договорите потпишани од 2000 до 2013 година, што со години се спроведува и што и е во целост познато на Владата на Србија“.

Од таму се објаснува дека “нема признавањето на Косово во овој момент и дека Атина се води строго од своите национални интереси“.

Официјалните лица од Министерството за надворешни работи на Грција со “незадоволство укажуваат дека Атина седум години ја поддржува кандидатурата на Србија во ЕУ, иако Белград претходно избрзал да ја признае ПЈРМ врз основа на своите тесни интереси“, пишува во текстот.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски