Србија и Република Српска отсега заеднички ќе го слават Денот на пробојот на Солунскиот фронт

Од:

На денешната конференција на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседавачот на Претседателството на БиХ и премиер на Република Српска, Милорад Додик беше најавено дека двете земји во иднина ќе прославуваат нов заеднички празник, кој ќе се одбележува како Ден на српското единство, слободата и на националното знаме.

„Донесовме одлука која ќе ја спроведеме на дело. Го договориме датумот кој ќе биде предложен до другите државни органи, тој ќе биде 15 септември – денот кога беше пробиен Солунскиот фронт“, рече Вучиќ.

Според српскиот претседател, новиот празник претставува можност да се остварат подобри политички и економски резултати преку зближување на народите.

Тој нагласи дека од голема важност е да се сочува Србија и Република Српска од било какви ризици, загрозувања и опасности.

„Имавме многу тешкотии и војни во минатото, сега е време за мир, за размислување за иднината и затоа треба со другите да разговараме како би нашле заеднички јазик. Но, оние кои мислат дека преку војни и судири ќе можат да ја остварат нивната цел – тоа е многу опасно и се надевам дека на никого нема да му падне напамет да го спроведе тоа, додаде Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Пожар во семејна куќа, пронајдени три јагленосани тела

А1он

Додик: Надворешно-политичкиот сегмент на БиХ е целосно уништен

Горан Наумовски

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

Република Српска во вонредна состојба во очекување на пресудата за Додик

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ