Србија: Девојче во анкета допишала дека е силувана

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]
На прашањето на колку години го имала првиот сексуален однос, во анкета која по основните и средни школи ја спровело Здружението за унапредување и развој на општеството „Фокус“, ученичка од новосадска школа го заокружила бројот 12, и допишала дека невиноста тогаш и биле одземена без нејзина волја.

Ова драматично признавање на листот хартија, во текот на анкетата која била анонимна, лицата од Здружението го воочиле дури кога го завршиле анкетирањето и почнале со анализа.

Координаторката на проектот Тања Илијазовиќ изјави дека посебно е потресена што девојчето на своја волја напишал нешто, за што не била прашана.

-Тоа зборува колку девојчето имало потреба да ја сподели својата приказна со некој -изјави таа.

Од здружението велат дека поради анонимноста не знаат кое одделение е, дури ниту во која школа учи. Останува надеж дека девојчето само ќе се јави или дека ќе го пријави случајот во полиција.

-Мораме да ги заштитиме нејзините права, бидејќи анкетата е анонимна. Но не можеме да дозволиме нејзиниот случај да помине како статистички податок – изјави Илијазовиќ.

Според нејзините зборови, во здружението „Фокус“ дошле на идеа, да се вратат во школите во кои што го правеа истражувањето и да работат на едукација со сите ученици, во разговор „еден на еден“.

-Останува надеж дека таа ќе се појави и ќе го прифати разговорот – додаде координаторката.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија