СПЦ: Неприфатлива е каква било промена на статусот на Косово

Од:

Светиот архиерејски собор на Српската православна црква (СПЦ) денеска ја потврди позицијата на СПЦ дека Косово е „составен дел на суверената територија на Србија“ и ја отфрли како неприфатлива „каква било промена на статусот на Косово, која води или кон признавање на Косово како независна држава или на каква било варијанта на територијална поделба, без кое не е можно разграничувањето“.

Во соопштението по редовното мајско заседание, Соборот на СПЦ ги отфрли решенијата како што се признавање или поделба, наведувајќи дека тоа „неизбежно ќе доведе до иселување на мнозинството од преостанатиот српски народ што живее во мнозинските албански заедници во Косово и до непроценлива штета на српското духовно и културно наследство”.

Соборот, исто така, оцени дека овој став „на ниту еден начин не значи поддршка на идејата за т.н. замрзнат конфликт“, туку преставува повик „до сите политички фактори да продолжат со дијалогот, без притисоци и уцени“.

– Затоа, ние силно го охрабруваме секој одговорен дијалог кој треба да придонесе за владеење на правото и законот и помирувањето меѓу сите народи што живеат во Косово како јужна покраина на Србија, се наведува во соопштението на Светиот архиерејски Собор на Српската православна црква.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во понеделникот на покана на поглаварот на СПЦ, патријархот Иринеј разговараше за косовското прашање со членовите на Светиот архијерејски собор на Црквата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Горан Наумовски