Во храмот Свети Сава избран нов патријарх – митрополитот загрепско-љубљански Порфирије ќе ја предводи СПЦ

Од:

Митрополитот загрепско-љубљански на Српската православна црква, Порфирије, е избран за нов патријарх и ќе биде 46-от поглавар што ќе ја предводи СПЦ.

Новиот патријарх – наследникот на Иринеј Гавриловиќ, го избра Светиот архиерејски собор, чијашто седница беше одржана во криптата на Храмот на Свети Сава во Белград.

Во таканаречената „апостолска жрепка“ за изборот на новиот патријарх се најдоа имињата на тројца владики: Порфирије, Иринеј Бачки, митрополитот Бањалучки Јефрема, пишуваат српските медиуми.

Митрополитот Порфирије неодамна во интервју за Спутник зборуваше за задачите кои го очекуваат новиот патријарх, за службата во Загреб, како и за покојниот патријарх Павле и за митрополитот Амфилохије.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Горан Наумовски

Белград: Студентите го блокираат ГСП, заглавени се 130 трамваи и 150 автобуси