СПЦ ги екскомуницира Артемие и игуменот Николај

Од:

Светиот архиерејскиот Сабор на Српската православна црлва ги екскомуницира поранешниот владика рашко-призренски Артемие и поранешниот игумен на манастирот Црна Река, Николај, јави Танјуг.

Саборот одлуката ја донесе синоќа, а Артемие и Николај отсега ќе можат да ги користат само своите световни имиња, Марко Радосављевиќ, односно Негослав Николиќ.

Артемие и Николај практично се анатемисани, што е прв случај во историјата на српската црква.

Саборот во средата го повика Артемие да се врати на патот на мирот и единството со Црквата, но тој тоа го одби.

Иако Саборот со претходната одлука за расчинувањето Артемие го стави во редот на монасите, поранешниот владика одби да ја соблече мантијата и ознаките на неа.

Артемие е расчинет поради раскол на Црквата, што се смета за прв раскол во историјата на СПЦ.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани