Спасувачка акција во Словенија: Пет лица заробени во пештера, неизвесно е кога ќе бидат извлечени

Од:

Пет лица, односно тричлено семејство и двајца водичи се заробени во пештера во Словенија. Спасувачите напорно работат за нивно извлекување, но не може да се предвиди кога тоа би се случило.

Посетителите останале заробени во Крижна Јама во Словенија во саботата попладне. Поради обилните врнежи тие не успеале навреме да излезат.

Лицата се наоѓаат на 2.400 метри од влезот на пештерата и комуникацијата се одвива отежнато. На нуркачите им се потребни најмалку по четири часа за да стигнат до луѓето и да им однесат вода и храна.

Тие засега се на суво и безбедно место, но оддалеченоста ја отежнува спасувачката акција. Нивното извлекување зависи од тоа кога ќе се намали нивото на воата во пештерата.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски